Конфедерацијата на слободни синдикати каде САДУ е еден од гранските синдикати излезе со иницијатива на синдикатот со други организации и здруженија за справување со панделијата.
Иницијативата на синдикати, граѓански здруженија и асоцијации е заедничка со Македонското здружение за заштита при работа и е детално разработена со конкретни предлози за справување со пандемијата со која се соочуваме.
Оваа иницијатива е доставена и до Владата на Македонија како израз на општествена одговорност кога сите треба да придонесеме за да се справиме побрзо со состојбата и да се врати во нормала целиот општествен живот.
До овој момент поддршка на платформата дадоа: Бизнис конфедерација на Македонија, Организацијата на работодавачи на Македонија, Унијата на незавнисни и автономни синдикати на Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права, а воедно најавија и повеќе невладини организации и граѓански здруженија од кои некои во моментот остваруваат и тековни состаноци и ќе се произнесат подоцна.
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија учествува и во целост ја поддржува оваа иницијатива и ги повикува сите здруженија и организации да се приклучат со што ќе ја покажеме својата солидарност, но и општествена одговорност.
Во прилог на следните линкови може да ја погледнете платформата и планот за заштита.
Иницијативата на синдикати, граѓански здруженија и асоцијации