Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија отпочна со одржување на синдикалните работилници кои се предвидени во повеќе градови низ Македонија.
Синдикалните работилници се на тема “Синдикално движење, права и обврски” а се одржаа во Скопје, Штип и Прилеп. Работилниците ги предводеше Лазар Јовевски, професор на Правниот факултет во Скопје кој предава трудово право.
Учесниците можеа повеќе да се запознаат со нивните синдикални права, но и обврски, со мобингот на работно место кој секогаш е актуелна тема, потоа правото на протест и правото на штрајк како и колективното преговарање и социјалниот дијалог како на национално ниво, така и на локално ниво и на ниво на работодавач, .
Во склоп на обуката од страна на преставник на коалиција “СЕГA” ( коалиција на младински организации) со кои Конфедерацијата на слободни синдикати, каде САДУ е членка, има потпишано меморандум за соработка, на учесниците им беше презенирана кампањата “365 дена работнички права” која се води на национално ниво и која има за цел да ја подигне свеста кај младите луѓе за нивните работнички права уште пред да влезат на пазарот на трудот. Оваа кампања која ја води КСС, САДУ како грански синдикат во потполност ја подржува.
Овие работилници како и други синдикални активности се предвидени во склоп на програмата на САДУ за 2018 година.