Од оваа година Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија организира нова активност на синдикална едукација, а тоа е Синдикална школа за млади на САДУ. Оваа школа е насочена кон младите синдикалци и синдикални лидери и нивна едукација за правата секако и обврските од работен однос и придобивките од синдикалното организирање.
Синдикалната школа за млади се одржа од 6ти до 8ми јули во хотел Бисер во Струга.
На синдикалната школа присуствуваа млади синдикални членови од повеќе синдикални организации на САДУ кои од една страна ги проширија своите видици, а од друга страна го изнесоа своето мислење за тоа зошто се членови на синдикатот и кои се нивните придобвки од тоа.
Сесиите ги водеше професорот Лазар Јовевски на кој специјалност му е трудовото право, па се опфатија теми кои се однесуваат на правата и обврските од работниот однос што всушност постојано е актуелна тема, со осврт на младите лица кои при своето вработување не се доволно информирани за своите права и обврски, секако имаше и мотивирачки говори кои даваат желба да се даде придонес во заедничкиот напредок.
Секцијата на млади за овој настан кажа дека е нешто ” од нас за нас “.
Присутните најпрво се информираа за функционирањето на САДУ и за плановите за во иднина, потоа за синдикалното движење, за силата на младите во синдикатот со својата креативност и нови идеи и на крај се согласивме дека како млади луѓе преку нашата секција на млади ќе дадеме свој придонес за остварување на основната цел на САДУ.
Претседателот на секцијата на млади, Владимир Божиновски даде и мал осврт на структурата на САДУ и кој е уделот на секцијата на млади во синдикатот.
Иако не беше ставен во агенда, секако не беше изоставен и забавниот дел односно дружењето меѓу членовите кои се запознаа повеќе меѓусебе имајќи во предвид дека доаѓаат од различни институции.
Исто така во склоп на оваа школа, ја искористивме можноста да се приклучиме кон кампања на која се приклучи EPSU (http://www.epsu.org ) за покачување на платите, кампања во која сите синдикати на ниво на Европа ( ETUC ) бараат покачување на платите.
Претседателот на САДУ, Благоја Ралповски пред да ја затвори школата даде осврт на моменталните активности на САДУ и плановите за во иднина на САДУ како синдикат на административните службеници и САДУ како грански синдикат во Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.